Достапни линкови

Земан тврди дека Чешка произведувала новичок


Чешкиот претседател Милош Земан

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека во Чешка било произведено и тестирано мало количество на отровот новичок и покрај тоа што Безбедносната информативна служба која ја истражувала можната чешка трага во аферата со труењето на екс рускиот шпион Сергеј Скрипал констатира дека немало такво нешто. „Кај нас бил произведен и тестиран новичок, во мало количество и потоа уништен. Знаеме каде, знаеме кога и лицемерно е да се преправаме дека тоа кај нас го немало“, изјави Земан.

XS
SM
MD
LG