Достапни линкови

Јункер: Белгија да им даде државјанство на британските претставници во ЕУ


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја повика Белгија да им додели државјанство на Британците вработени во институциите на ЕУ за да се реши нивниот статус по Брегзитот. Над 1.100 државјани на Британија работат во европските институции во Брисел и Луксембург. Британците од март идната година ќе престанат да бидат државјани на ЕУ. „Владата ги испитува правните можности за ова прашање кое погодува голем број луѓе кои долго време живеат во нашата земја“, изјави белгискиот премиер Шарл Мишел.

XS
SM
MD
LG