Достапни линкови

Ципрас на Лезбос го бранеше договорот меѓу ЕУ и Турција


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја бранеше контраверзната спогодба меѓу ЕУ и Турција за мигрантите во обид да го ублажи гневот на грчкиот остров Лезбос каде што има скоро 9 илјади бегалци и мигранти. „Да го немаме тој договор, работата би била три пати полоша“, изјави тој, додавајќи дека пред три години секој ден пристигнувале до 5 илјади луѓе. Посетата на Ципрас на Лезбос беше проследена со демонстрации и генерален штрајк.

XS
SM
MD
LG