Достапни линкови

ОН: изјавите на Абас за Евреите се неприфатливи


палестинскиот претседател Махмуд Абас

Специјалниот координатор за блискоисточниот мировен процес Николај Младенов соопшти дека изјавите на палестинскиот претседател Махмуд Абас за Евреите се неприфатливи и „длабоко вознемирувачки“. „Абас во палестинскиот парламент повтори некои антисемитски изјави, вклучувајќи ја и сугестијата дека улогата на Евреите што ја имале во општеството била причина за холокаустот“, изјави Младенов, наведувајќи дека тоа не му служи ниту на палестинскиот народ, ниту на мирот на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG