Достапни линкови

Сириските бунтовници во енклавата Хомс се предаваат


Енклавата Хомс

Сириските бунтовници го прифатиле договорот постигнат со посредство на Русија да ја напуштат територијата во близина на Хомс, трет по големина град во земјата и една од последните бунтовнички енклави во Сирија. Ова е последна во серијата капиталуции на бунтовниците во седумгодишната граѓанска војна. Претходно владините сили ја вратија контролата врз предградијата на Дамаск кои беа во рацете на милитантите на Исламската држава. Енклавата Хомс беше најнаселена зона под опсада во Сирија и таму во изминативе денови имаше жестоки битки.

XS
SM
MD
LG