Достапни линкови

Состанок на шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија


Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Охрид, 12.04.2018.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска и утре ќе учествуваат на квадрилатералниот состанок, на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати. Од Министерството за надворешни работи не прецизираат дали е превидена билатерална средба Димитров и Коѕијас на која би станало збор за спорот со името. Последната средба во рамки на преговарачкиот процес Димитров и Коѕијас ја имаа на 25 април во Виена, а на неа присуствуваше и медијаторот на ОН, Метју Нимиц. Инаку, главни теми на состанокот во Солун се интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците и мигрантите кон Балканот и иднината на Европа.

XS
SM
MD
LG