Достапни линкови

Османи: Решението за името сигурна гаранција за членство во ЕУ и НАТО


Вицепремиерот Бујар Османи

„Решението на спорот за името е сигурна гаранција за членство во ЕУ и НАТО, доколку продолжиме со ова темпо на имплементација на реформите. Но, она што го добиваме за возврат е многу поважно за идните генерации - мир, стабилност, економски просперитет, изјави синоќа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во емисијата 24 анализа на ТВ24. Тој оцени дека односите меѓу Македонија и Грција се подобри од било кога во минатото, и сега се прават обиди за лоцирање на проблемите. „Сметам дека сме го поминале врвот на планината и одиме надолу. Мој впечаток е дека работите одат во добар правец, добар дел од сензитивните прашања се условно надминати“, оцени Османи. Според него, треба да се издвои суштината, од формата на процесот на преговори. „Суштина за мене е како ќе се вика државата, јазикот, државјаноството, начинот на апликација е форма, рамка. Мој впечаток е дека има се помалку разлики во суштината на проблемот. Не смееме заради форма да го ризикуваме тоа што е постигнато во суштината“, вели Османи.

XS
SM
MD
LG