Достапни линкови

Новиот американски државен секретар најави „тврда дипломатија“


Мајк Помпео положи свечена заклетва како нов американски државен секретар

Поранешниот директор на ЦИА Мајк Помпео положи свечена заклетва како нов американски државен секретар, најавувајќи „тврда дипломатија“ за унапредување на американските интереси. На церемонијата во Стејт департментот присуствуваше и претседателот Доналд Трамп.

„Ќе водиме тврда дипломатија кога треба за да ги ставиме интересите на американскиот народ на прво место“, рече тој пред вработените во Стејт департментот.

Тој оцени дека нуклеарниот договор со Иран има недостатоци и најави селење на амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Поранешниот републикански конгресмен Помпео е познат по острите ставови околу надворешната политика, вклучувајќи ги Русија, Иран и Северна Кореја.

Тој доаѓа на местото на Рекс Тилерсон, кој постојано беше во судир со претседателот Трамп.

XS
SM
MD
LG