Достапни линкови

Грција ќе го намалува бројот на бегалци во камповите


Архивска фотографија- Сириски бегалци во камп во Грција.

Грчката Влада најави дека ќе преземе мерки за намалување на бројот на лица сместени во пренатрупаните бегалските кампови на островите во Егејското Море.

Грчкиот министер за миграции Димитрис Вицас при денешната посета на островот Лезбос, соопшти дека Владата во Атина планира до крајот на септември да го намали бројот на мигрантите сместени во камповите на пет грчки острови од сегашните 15.500 на 6.500, колку што е и капацитетот на овие прифатни центри.

Најавата доаѓа по се погласните протести на локалните жители дека мигрантската криза му нанесува сериозни штети на туризмот, кој е водечки стопански сектор во Грција.

XS
SM
MD
LG