Достапни линкови

Заев - Третина од младите Роми во Македонија имаат најмалку средно образование


Архивска фотографија: Tрибина „Вработување на млади Роми“ во Битола.

Една третина од граѓаните Роми на возраст од 22 до 25 години завршуваат високо, средно или терциерно образование во земјава и тој процент е повторно висок во однос на земјите од Западен Балкан, информира денеска премиерот Зоран Заев за време на презентацијата од Истражувањето за социо-економската положба на граѓаните Роми во Република Македонија, како една од петте земји од Западен Балкан опфатени во Регионалното истражување на Светска банка и УНДП, финансиски поддржано од ЕУ. Сепак, Заев вели дека „може и мора подобро“.

Податоците на регионално ниво покажуваат ограничен пристап до можности за Ромите, од секој аспект: здравство, образование, домување, вработување и стандард на живеење.

XS
SM
MD
LG