Достапни линкови

Телеграмите во Франција заминаа во историјата


Илустрација: Пошта во Франција

Францускиот телекомуникациски оператор Оранж денеска потврди дека после скоро 140 години ја укинува услугата за испраќање телеграми, која е речиси целосно заборавена во време на новите технологии за комуникации.

Информацијата се појави во понеделникот на една минута пред полноќ, во моментот на прекин на сервисот. Еден од вработените во Оранж, Кристоф Ндиј на Твитер напиша дека телеграмите заминуваат во историјата.

Тој за Франс прес наведува дека четириесетина вработени во Оранж, меѓу другото, работеле и на одржување на сервисот за телеграми. Според него, во април биле испратени 1.400 телеграми, воглавно од професионални клиенти кои ги користат од правни причини. Телеграмата има правна вредност при официјалните повикувања на вработен кој не доаѓа на работа или за официјално пренесување наредби. Цената беше околу 15 евра за телеграма со 50 зборови.

Услугата за испраќање телеграми е воведена во 1879 година.

XS
SM
MD
LG