Достапни линкови

Претседателот Иванов на средба со бугарскиот колега Радев в недела во Дојран


Архивска фотографија: Претседателите на Бугарија и на Македонија, Румен Радев и Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов в недела (6 мај) во Дојран ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, којшто ќе престојува во работна посета на Република Македонија, информираат од Кабинетот на македонскиот претседател.

Радев ја посети Македонија во февруари годинава.

Иванов, на покана на бугарскиот претседател, во јуни ќе престојува во возвратна официјална посета на Бугарија, велат од Кабинетот на Претседателот.

Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе присуствува на Комеморативна церемонија во Ново Село.

XS
SM
MD
LG