Достапни линкови

Британскиот парламент го усвои „амандманот Магницки“


Лондон

Британските пратеници го усвоија амандмантот со кој се овозможува воведување санкции врз лица кои се обвинети за кршење на човековите права. Овој амандман е инспириран од аферата Магницки, односно случајот со рускиот адвокат кој кон крајот на 2009 година почина во полициски притвор во Москва. Ваквата мерка, а слична веќе постои во САД, ја вети премиерката Тереза Меј по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Британија. Лондон за ова труење ја обвини Москва, која пак тоа го негира. Смртта на Магницки во затвор предизвика дипломатски спор меѓу Вашингтон и Москва.

XS
SM
MD
LG