Достапни линкови

Шекеринска во Вашингтон на средба со Матис


заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска

Аспирациите на Македонија за членство во НАТО и стратешкото партнерство со САД ќе бидат теми на денешната средба во Вашингтон на заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис. „Официјалната посета на САД и средбата со секретарот за одбрана Матис се случува во клучен период, два месеца пред НАТО-Самитот. Тоа е извонредна шанса да покажеме колку членството во НАТО е важно за Македонија и да покажеме дека тоа, исто така, носи вредности за земјите – членки на НАТО Алијансата. Со американскиот секретар за одбрана ќе разговарам за нашето стратешко партнерство, за одбранбените реформи, но и за сите оние работи кои што Македонија може да ги понуди на НАТО алијансата, во смисла на зголемена безбедност во регионот и на европскиот континент“, изјави Шекеринска во пресрет на средбата. Таа најави дека на средбата со Матис ќе се осврне и врз реформите во АРМ и подготвеноста на земјата за членство во Алијансата. Средбата се реализира во рамки на официјалната посета на министерката Шекеринска на Соединетите Американски Држави која започна на 26 април и ќе трае до 2 мај.

XS
SM
MD
LG