Достапни линкови

Иранските медиуми со потсмев за обвинувањета од Нетанјаху


израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Тел Авив, 30.04.2018.

Иранските државни медиуми со потсемев ги коментираа најновите обвинувања на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Техеран развивал нуклеарно оружје. Тој вчера изјави дека израелските разузнавачки служби откриле половина тон документи од „иранската нуклеарна архива“. Иранската новинска агенција ИРНА пишува дека Нетанјаху бил познат по смешни претставувања. Полудржавната новинска агенција Фарс за која се верува дека и е блиска на иранската Револуционерна гарда оцени дека говорот на Нетанјаху бил пропаганда. Ирак отсекогаш порекнувал дека се стремел кон развивање нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG