Достапни линкови

Потрагата по телата на косовските полицајци продолжи на македонска теротирија

Специјалните единици за спасување при МВР ја продолжија потрагата по двајцата косовски полицајци кои со нивниот службен автомобил во саботата вечерта, возејќи по патот Хани и Елезит – Качаник, излетале во реката Лепенц.

Потрагата на спасувачките екипи е лоцирана покрај македонско-косовската погранична област, близу Блаце, за каде се претпоставува дека можат да бидат телата на косовските полициски службеници Малсор Шемседин Даши и Арменд Мифаил Трена.

Заменик-министерот за внатрешни работи на Македонија, Агим Нухиу, кој дојде на местото на несреќата, за Радио Слободна Европа рече дека потрагата е во соработка со косовските полициски власти и дека се одвива долж реката Лепенц.

„Втор ден како граничната полиција, координирано со косовските власти, се во потрага. Во моментов специјалните полициски единици ги бараат телата на двајцата косовски полицајци. Има неколку точки за каде се сомневаме дека е возможно да бидат телата на косовските колеги“, рече Нухиу.

Во меѓувреме, градоначалникот на Хани и Елезит, Руфи Шума, кој внимателно ги следеше потрагите заедно со заменик-министерот Нухиу, за Радио Слободна Европа изјави дека високото ниво на вода во реката го попречува пребарувањето, но дека потрагата ќе продолжи додека двајцата полицајци не бидат пронајдени.


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG