Достапни линкови

Бомбашки напади во Кабул, убиени двајца новинари на РСЕ


Новинари на РСЕ убиени во експлозии во Кабул
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:39 0:00

Новинари на РСЕ убиени во експлозии во Кабул

Во две експлозии во Кабул во близина на седиштето на разузнавачката служба загинаа најмалку 25 лица, меѓу кои и двајца новинари на Радио Слободна Европа, Абдулах Хананзаи и Мохарам Дурани, како и уште 5 медиумски работници. Во нападите повредени биле и 45 лица, меѓу кои и уште еден новинар на Радио Слободна Европа, Сабвун Какар.

Според авганистанските власти, бомбаш самоубиец го активирал експлозивот додека се возел на моторцикл во близина на разузнавачката служба. Вториот напад се случил 20 минути потоа, кога бомбаш самоубиец кој се претворал дека е новинар го активирал експлозивот пред министерството за урбан развој и домување. Милитантната група Исламска држава презеде одговорност за нападот.

Американскиот генерал Џон Николсон, кој е и командант на НАТО во Авганистан ги осуди нападите и ги нарече кукавички. Во соопштението тој порачува дека непријателите на Авганистан нема да победат и таквите напади само ја зајакнуваат посветеноста на НАТО во земјата.

XS
SM
MD
LG