Достапни линкови

Рускиот патријарх Кирил со богослужба во Тирана


Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква

Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, отслужи богослужба во Тирана за време на неговата прва посета во главно муслиманската Албанија. „Ние православните христијани кои живееме во разни земји, ги делиме истите вредности и мора да ги следиме“, изјави тој пред стотици верници во православната црква во Тирана. Од околу 3 милиони албанци, според последниот попис, околу 7 насто се православни христијани. Патријархот Кирил денеска треба да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета и со премиерот Еди Рама.

XS
SM
MD
LG