Достапни линкови

Силите поддржани од САД во Сирија напредувале


Сирија, илустрација

Курдските сили, поддржани од САД, соопштија дека повторно освоиле серија села неколку часа откако сириските сили ги заземале во регионот источно од реката Еуфрат, во близина на границата со Ирак. Вчера Сириските демократски сили, предводени од курдската милиција соопштија дека успешно спровеле контранапад против сириските трупи за кои тврдат дека биле поддржани од руските сили. Во изјавата не се наведува дали силите на американската коалиција учествувале во операцијата во областа во која има голем дел од резервите на нафта и гас во Сирија.

XS
SM
MD
LG