Достапни линкови

Димитров: Извештајот на ЕК во јуни да го преточиме во политичка одлука


шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

„Успеавме да добиеме досега најуспешен извештај од Европската комисија и ќе сториме се што можеме во јуни да го преточиме во политичка одлука“, изјави синоќа шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на свеченото одбележување на Денот на Министерството за надворешни работи. Министерот оцени дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира патот на мирот и дијалогот. Предизвиците остануваат, рече Димитров, и потсети дека на 27 април беше одбележана една година од нападите во Собранието кога, како што рече, демократијата на земјата била ставена до бездна.

XS
SM
MD
LG