Достапни линкови

Шеќеринска побара поддршка од САД за членството во НАТО


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска побара поддршка од САД за Македонија да добие покана за членство во НАТО оваа година, затоа што, според неа, еден таков пробив може да има позитивно влијание, кое ќе создаде нова надеж на Балканот. Таа на тркалезната маса во Вашингтон организирана од американскиот Атлантски совет порача дека властите во изминатите 10 месеци сериозно се фокусирале на домашните реформи и на подобрување на добрососедските односи.

„Се насочивме на прашања кои беа во сржта на евроатлантската интеграција – слободни медиуми, владеење на правото, меѓуетнички односи, отпорност на институции“, рече министерката.

Шеќеринска престојува во неколкудневна официјална посета на Соединетите држави. Таа на први идниот месец во Вашингтон ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис.

XS
SM
MD
LG