Достапни линкови

Пашинијан на средба со претседателот за политичката криза во Ерменија


Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан изјави денеска дека се сретнал со претседателот Армен Саркисјан да разговара за начините како да се стави крај на политичката криза во земјата. Тој го повикал на средба утре и вршителот на должност премиер на земјата, Карен Карапетијан.

Средбите се по најавите дека Парламентот ќе го избира новиот премиер на 1 мај по оставката ан Серж Саркисјан поради протестите против неговото назначување на функцијата.

Пашинијан на протестите порача дека или тој ќе биде избран за премиер преку граѓаните и нивната поддршка или нема воопшто да биде избран премиер на земјата. Според него, нема да има компромиси со антинационалниот и коруптивен систем.

XS
SM
MD
LG