Достапни линкови

Помпео во Брисел на средба со НАТО сојузниците


Новиот американски државен секретар Мајк Помпео во Брисел

Новиот американски државен секретар Мајк Помпео пристигна во Брисел каде ќе разговара со НАТО сојузниците за руската „агресија“ во Европа, по еден ден откако положи заклетва на функцијата. Помпео изминатите 15 месеци беше директор на ЦИА и на него се гледа како на лојален поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пред неговото именување на функцијата Помпео веќе беше инволвиран во дипломатијата. Според Стејт департментот, на средбата ќе стане збор за вмешаноста на Русија во Украина, Грузија и Сирија, како и плановите за зголемување на безбедноста на јужната граница на Европа.

XS
SM
MD
LG