Достапни линкови

Во Скопје самит на земјите од процесот Брдо, Бриони


Состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, Брдо кај Крањ, 03.062017.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот ќе учествуваат албанскиот претседател Илир Мета, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, косовскиот претседател Хашим Тачи, словенечкиот претседател Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, хрватскиот претседател Колинда Грабар-Китаровиќ и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ. Во согласност со досегашната практика, покрај лидерите на земјите учеснички, на состаноците на Процесот Брдо-Бриони учествуваат високи гости од Европската Унија, како и лидери на земји членки на ЕУ. Почесни гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и бугарскиот претседател, Бојко Борисов. Во фокусот на годинашниот состанок е потребата за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смисла, а во контекст на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG