Достапни линкови

Министерката Шекеринска во официјална посета на САД


Министерка за одбрана Радмила Шекеринска

Министерка за одбрана Радмила Шекеринска престојува во неколкудневна официјална посета на Соединетите држави. Таа на први идниот месец во Вашингтон ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. Тоа ќе биде прва официјална билатерална средба со секретар за одбрана на САД по повеќе години. На средбата, како што се очекува, ќе биде потврдено стратешкото партнерство помеѓу Македонија и Соединетите држави. Средбата се реализира во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел.

XS
SM
MD
LG