Достапни линкови

Доналд Туск во посета на Македонија


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во Скопје ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо – Бриони. Во рамки на посетата, Туск ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев. Претходно во 10:00 часот на платото пред Владата на Македонија ќе биде организиран официјален пречек на високата делегација од ЕУ. Туск се наоѓа на балканска турнеја во рамките на која ги посети земјите од Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG