Достапни линкови

Средба на лидерите на двете корејски држави


илустрација

Денеска во пограниченото село Панмунџом дојде до долго очекуваната средба меѓу лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин. Тоа е за прв пат по цела декада на иста маса да разговараат лидерите на двете Кореи. Средбата има своевидно историско значење со оглед на тоа што Ким стана првиот лидер на Северна Кореја кој стапнал на јужнокорејска територија по војната помеѓу двете земји која заврши во 1953 година. Главна тема е нуклеарната програма на Северна Кореја, чијшто брз напредок ги зголеми тензиите на полуостровот до точка на вриење кон крајот на 2017 година. Состанокот се одржува по помалку од една недела откако Пјонгјанг најави замрзнување на сите нуклеарни и ракетни вежби и затворање на главно место за тестирање.

XS
SM
MD
LG