Достапни линкови

Вкупно 736 лица целосно ослободени од затвор со амнестијата


Илустрација

Вкупно 736 лица завршиле со отслужувањето затворска казна, согласно Законот за амнестија. Со Законот се опфатени вкупно 2.345, од кои 576 се целосно ослободени бидејќи согласно законот казната им завршила, а 160 се ослободени согласно членот 206 од Законот за извршување санкциии, според кој директорот на установата може да го отпушти осуденото лице и пред истекот на казната најмногу 30 дена, ако осуденото лице издржало најмалку три четвртини од казната затвор, доколку осуденото лице не добило условен отпуст.

Ова го кажа денеска премиерот Зоран Заев на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на неколку прашање на пратеникот од ДУИ Џеват Адеми во врска со процесот на спроведување на амнестијата и колку таа всушност ја исполнила својата првобитна функција.

Заев информира дека 1.560 осудени лица согласно Законот се со намалена казна од 30 отсто, а негативни решенија биле дадени за 49 случаи.

Појасни дека согласно членот четири од Законот за амнестија, таа не се однесува на правосилно осудени лица, за кои до денот во влегување во сила на законското решение е наредено издавање потерница поради нивна недостапност за органите на кривичен прогон.

XS
SM
MD
LG