Достапни линкови

Турција сака да го организира ЕУРО 2024


Натпревар Турција-Чешка на Европското првенство во Франција во 2016

Фудбалскиот сојуз на Турција денеска пред Европската фудбалска федерација (УЕФА) поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во 2024 година. Турција заедно со Грција сакаше да го организи Европското првенство во 2008 година, а потоа се кандидира и самостојно во 2012 и во 2016 година, но никогаш не беше домаќин на големо фудбалско натпреварување.

Единствен противкандидат на Турција е Германија. Западна Германија беше домаќин на Европското првенство во 1988 година, а Германија, овојпат обединета, го организираше и Светското фудбалско првенство во 2006 година.

Извршниот одбор на УЕФА треба да го избере домаќинот за Европското првенство во 2024 година на 27 септември.

XS
SM
MD
LG