Достапни линкови

НАТО ќе помага во обезбедување на изборите во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

НАТО соопшти дека може дополнително да ги обезбедува авганистанските парламентарни избори закажани за октомври по зголемувањето на нападите во земјата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача денеска дека нивниот главен придонес ќе биде да се осигураат оти изборите ќе бидат спроведени во безбедна атмосфера и ќе продолжат со поддршка на авганистанските сили преку тренинзи, совети и финансии. Но, тој по средбата со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО истакна и дека вмешаноста на организацијата во Авганистан ќе биде ограничена.

XS
SM
MD
LG