Достапни линкови

Иванов не е информиран за името, нема најава за лидерска средба


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска изјави дека засега не е планирано одржување лидерска средба по вчерашните разговори за спорот со името во Виена меѓу македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас и медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Иванов по средбата со неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ истакна и дека нема информации за текот на преговорите. Тој порача дека прашањето за што се разговарало треба да биде упатено до Димитров или Владата.

XS
SM
MD
LG