Достапни линкови

Столтенберг: НАТО и Македонија одлучуваат за членството, не Русија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска порача дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата и никој друг нема збор во процесот. Пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, коментирајќи ја изјавата на рускиот амбасадор во Македонија дека земјата ќе стане „легитимна цел“ во случај на конфликт доколку влезе во Алијансата тој одговори:

„Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијанија каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со се за што Алијансата се залага“, рече Столтенберг.

Тој воедно го поздрави напредокот во преговорите за спорот за името и истакна дека се уште важи поканата од 2008 за влез на Македонија во Алијансата.

XS
SM
MD
LG