Достапни линкови

Заев: Нашата држава е горниот, северен, вардарски дел од Македонија


Премиерот Зоран Заев

„Многу е важно да не бидеме обезличени дома, да не бидеме обесчестени“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ, коментирајќи ги преговорите за спорот за името со Грција.

Заев не прецизира кое име е најприфатливо, но посочува дека од историски аспект денешната македонска држава го зазема горниот, северен, вардарски дел од Македонија, како што еден дел има Бугарија, а еден дел е во Грција. Доколку не се најде решение, според Заев, веројатно Македонија нема да има иднина во ЕУ и НАТО.

„Тогаш ќе треба Европа да ја доведеме во Скопје, во Македонија. Не гледам друга опција. Во краен случај ако не се најде решение, прашањето ќе остане отворено и ќе продолжиме по три, шест месеци повторно да бараме одговор“, посочува Заев.

XS
SM
MD
LG