Достапни линкови

Ким Џонг Ун за прв пат во посета на Јужна Кореја


Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун

Ким Џонг Ун е првиот лидер на Северна Кореја кој ќе ја посети Јужна Кореја од крајот на корејската војна во 1953 година. Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин денеска лично ќе го пречека Џонг Ун на границата меѓу двете земји.

Разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат утре во Куќата на мирот, јужно од границата во селото Панмунџом кое се наоѓа во демилитаризирана зона меѓу двете држави.

Властите на Јужна Кореја соопштија дека на самитот ќе се стане збор за денуклеаризација и воспоставување на траен мир на корејскиот полуостров, како и внатрешните односи меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG