Достапни линкови

Хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ во посета на Македонија


Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Таа ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од својот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на платото пред „Вила Водно“. Грабар-Китаровиќ и Иванов ќе имаат тет-а-тет средба, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на Македонија и на Хрватска. Грабар-Китаровиќ во рамки на посетата ќе се сретне и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG