Достапни линкови

Фридом хаус: загрозена слободата на медиумите во светот


Слободата на печатот се соочува со нови закани како во големите демократии, така и во репресивните држави, каде што властите ги фокусираат своите напори врз социјалните медиуми и врз другите онлајн платформи по намалувањето на независноста на главните печатени и аудиовизуелни медиуми. Ова се наведува во денеска објавена анализа на Фридом хаус пред Светскиот ден на слободата на печатот, 3 мај. Во неа се покажува дека независноста на медиумите е под притисок во секој регион во светот, но и дека посветени новинари сè уште играат витална улога дури и во најнепријателските средини. „Амбициозните политичари ширум светот се повеќе се подготвени да се ослободат од нормите на однесување што ја контролираа моќта на нивните претходници“, оценува Фридом хаус.

XS
SM
MD
LG