Достапни линкови

Матвијенко: НАТО членството на балканските земји е закана за безбедноста


претседателката на рускиот Совет на федерацијата Валентина Матвијенко

„Обидите да се вовлече Македонија во НАТО против волјата на значителен број нејзини жители по примерот на Црна Гора се опасен експеримент“, изјави претседателката на рускиот Совет на федерацијата Валентина Матвијенко во Горниот дом на парламентот на Босна и Херцеговина. Според неа, ваквиот чекор ќе води кон натамошна дестабилизација на ситуацијата во регионот и ќе го поткопа европскиот безбедносен систем. Таа додаде дека Русија не ја следи таквата конфронтирачка логика и оти е заинтересирерана за мир и стабилност во Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG