Достапни линкови

Денеска во сообраќај последната делница на автопатот низ Македонија


Градежни работи на делницата Демир Капија-Смоквица, архивски снимки

Новоизградената делница на автопатот низ Македонија, од Демир Капија до Смоквица денеска попладне ќе биде пуштена во сообраќај. Со оваа делница од 28 километри ќе биде комплетиран автопатот „Пријателство“ од северната до јужната граница на Македонија на европскиот коридор 10. Најавено е дека на церемонијата ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, делегација на ЕУ во Скопје и претставници на грчките власти. Овој дел од автопатот што го градеше грчката фирма Актор чинеше околу 280 милиони евра. Финансиран е од Европската инвестициска банка, Банката за обнова и развој, ИПА фондовите и помал дел од македонскиот буџет.

XS
SM
MD
LG