Достапни линкови

Хашкиот трибунал ќе ја сослуша жалбата за казната на Караџиќ


Воениот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ

Воениот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ денеска ќе поднесе жалба за неговата 40-годишна затворска казна пред судиите на Обединетите нации во Хаг. 72-годишниот Караџиќ беше осуден во 2016 година за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во поранешна Југославија, вклучително и масакрот во Сребреница во 1995 година. Повеќе од 100.000 луѓе беа убиени, а околу 2.2 милиона други беа принудени да ги напуштат своите домови за време на босанската војна во периодот 1992-1995 година. И обвинителите, исто така, се жалат на 40-годишната затворска казна, барајќи да се зголеми на доживотен затвор. Одлуката се очекува до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG