Достапни линкови

Извештајот на СЈО на собраниската комисија за политички систем


Прес-конференција на СЈО, обвинителката Катица Јанева

Шестмесечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември до 15 март денеска ќе биде на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Во извештајот објавен на 15 март се наведува дека во текот на извештајниот период од страна на судот се целосно одобрени 15 обвиненија поднесени во јуни 2017 година. „Во оваа смисла, петтиот извештаен период несомнено претставува потврда на целокупната работа на тимот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од неговото започнување со работа и заклучно со поднесувањето на овој Извештај“, пишува во извештајот. Во текот на петтиот извештаен период, исто така, СЈО отвори седум нови истражни постапки против вкупно 17 лица.

XS
SM
MD
LG