Достапни линкови

Киргистанскиот претседател ја распушти Владата


Киргистанскиот претседател Соронбаи Јиенбеков

Киргистанскиот претседател Соронбаи Јиенбеков ја распушти Владата по неколку часа откако пратениците изгласаа недоверба на кабинетот на премиерот Сапар Исаков. Според соопштението, Владата ќе продолжи со работата се додека не биде избрана нова.

Гласањето во Парламентот беше иницирано од група опозициски пратеници. Владејачката коалиција предводена од поранешниот шеф на државата Амазбек Атамбаев ненадејно ја повлече поддршката за Исаков при што 101 пратеник од 120 гласаа против него. Таквиот чекор беше неочекуван бидејќи 39 годишниот Исаков кој ја презема функцијата во август се смета за близок сојузник на Атамбаев.

XS
SM
MD
LG