Достапни линкови

Саудиска Арабија отвори јавно кино по 40 години


Саудискиот крунски принц Мухамад бин Салман

Саудиска Арабија ја отври првата комерцијална кино сала во изминативе 40 години со прикажување на холивудскиот блокбатсер „Црниот пантер“. Киното е отворено во главниот град Ријад и претставува уште еден чекор во промените што ги презеде крунскиот принц Мухамад бин Салман кој вети дека ќе ја реформира земјата на културно поле, но и во надминувањето на нејзината економија од извозот на нафта. На кино претставата присуствувале и мажи и жени и со неа заврши 40 годишната забрана на јавни кино сали. Во наредниве 12 години е планирано да бидат отворени уште 300 кино сали.

XS
SM
MD
LG