Достапни линкови

Меркел ќе го посети Вашингтон на 27 април


Gгерманската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД Доналд Трамп на самитот на Г20, Хамбург, 08.07.2017.

Владите на САД и на Германија соопштија дека на 27 април германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја оствари нејзината втора посета на Белата куќа откако функцијата претседател ја презеде Доналд Трамп. Се очекува на разговорите главни теми да бидат војната во Сирија, односите со Русија, трговските недоразбирања и иднината на иранскиот нуклеарен договор. До средбата меѓу Трамп и Меркел ќе дојде осум дена откако германската канцелрка ќе го пречека францускиот претседател Емануел Макрон како нивна подготовка на самитот на ЕУ на 28 јуни.

XS
SM
MD
LG