Достапни линкови

Могерини ќе има обраќање во македонскиот парламент


Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика Федерика Могерини

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика Федерика Могерини денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Македонија. Таа на вечерата во Скопје со премиерите на Западен Балкан изјави дека е потребно сите земји од регионот да ги забрзаат суштинските реформи. На вечерата премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и на БиХ, како што е соопштено, уште еднаш го потврдиле нивното „искрено залагање за целосна имплементација на реформите со цел побрз влез во ЕУ“.

XS
SM
MD
LG