Достапни линкови

Јункер: Преговорите со Македонија и Албанија нема да почнат утре


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави денеска дека препораката за отпочнување на преговори со Македонија и Албанија за приклучување кон ЕУ, не значи дека преговорите ќе почнат уште утре.

Тој пред Европскиот Парламент во Стразбур порача дека најпрвин е неопходно одобрението од Европскиот совет, при што нема рок за завршување на преговорите, туку ќе бидат оценувани постигнувањата на соодветните земји. Тој ги повика земјите од Западен Балкан да го одбележат неопходниот напредок, бидејќи процесот ќе одземе многу време.

XS
SM
MD
LG