Достапни линкови

Почина поранешната прва дама на САД Барбара Буш


Поранешната прва дама на САД Барбара Буш

Поранешната прва дама на САД Барбара Буш почина на 92 годишна возраст, соопшти канцеларијата на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД Џорџ Буш. Тие беа во брак 73 години, а госпоѓа Буш беше една од двете први дами на САД која беше мајка на претседател Џорџ Буш помладиот. Другата беше Ебигејл Адамс, сопруга на Џон Адамс и мајка на Џон Квинси Адамс.

XS
SM
MD
LG