Достапни линкови

Досега ниеден македонски граѓанин не пријавил злоупотреба во скандалот со Кембриџ Аналитика


Ниту еден македонски граѓанин досега не се обратил до Дирекцијата за заштита на лични податоци со преставка или прашање за злоупотреба на лични податоци поврзано со скандалот со Фејсбук и Кембриџ аналитика.

ДЗЛП се обратила до Фејсбук со официјално барање да добие информации дали лични податоци на граѓани од Македонија се злоупотребени во врска со овој случај.

Генералниот секретар на Дирекцијата Игор Кузевски за МИА изјавил дека досега нема граѓани кои се обратиле до нив, а во врска со злоупотреба на лични податоци во скандалот со Фејсбук и Кембриџ аналитика, иако до нив секојдневно пристигнуваат преставки од граѓани поврзани со социјалните мрежи како Фејсбук и Инстаграм.

XS
SM
MD
LG