Достапни линкови

Се бара истрага за претепувањето на ученичката во Неготино


Teenager with tablet computer

Првата детска амбасада „Меѓаши“ во денешната пишана реакција во врска со претепувањето на ученичка во основно училиште „Гоце Делчев“ во Неготино бара Министерството за образование и наука да покрене истрага за овој настан, да утврди степен на одговорност и да се преземат мерки вакви случаи да не се повторат.

„Во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино две ученички брутално тепале и влечеле за коса нивна соученичка и тоа во присуство на други деца кои набљудувале и соучествувале“, стои во реакцијата од „Меѓаши“.

По појавувањето на видеото од тепањето на ученичката во Неготино следуваше бурна реакција на социјалните мрежи, по што случајот бил пријавен во полиција, а според директорот на неготинското училиште, каде се случи тепачката, случајот го истражува и просветен инспектор, а против двете девојки кои тепаат нивна соученичка се преземени соодветни мерки.

XS
SM
MD
LG