Достапни линкови

Идниот државен секретар на САД вети цврст став спрема противниците


Наменуваниот иден американски државен секретар Мајк Помпео

Наменуваниот иден американски државен секретар Мајк Помпео во текот на сослушувањето во сенатскиот Комитет за надворешна политика вети цврст став спрема противниците на САД кои се во лоши односи со Русија и Кина. Помпео, директор на ЦИА од доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа во почетокот на минатата година, во минатиот месец беше наименуван за шеф на дипломатијата по смената на Рекс Тилерсон. „Војната е секогаш последно решение. Повеќе сакам целите на надворешната политика да ги постигнувам со постојан дипломатски напор отколку младите да ги праќаме во војна“, изјави Помпео.

XS
SM
MD
LG