Достапни линкови

Загреб: преблага казна за Шешељ


Хртковици 

Хрватското Министерство за надворешни работи ја поздрави вчерашната одлука на Апелациониот механизам за Меѓународниот кривичен суд во Хаг со која на Воислав Шешељ му е преиначена првостепената ослободителна пресуда. Сепак, Министерството оценува дека изречената казна била „значително преблага во однос на сторените дела“. Шешељ доби десет години затвор, кој веќе го има отслужено, за злосторство против човештвото поради говорот во Хртковици на 6 мај 1992 година кој резултирал со депортација, прогон и присилно иселување на хрватите во Војводина.

XS
SM
MD
LG